00389 34 222 023 | 0030 6972 605 309
  • естетка стоматологија

Вудент дентална клиника Гевгелија

Денес многу луѓе се повеќе се заинтересирани за естетската стоматологија, како начин за подобрување на нивниот изглед Во естетската стоматологија акцентот стои на подобрување на насмевката на пациентот преку промена на изгледот на забите и устата. Многу луѓе гледаат на естетските стоматолошки зафати како изборно лекување наспроти неопходните стоматолошки лекувања, но доколку човек поседува прекрасна, привлечна насмевка и не се чувствува сигурен во својот изглед, овие зафати можат да придонесат човек да се чувствува позадоволен со самиот себе и да води до поисполнет и посреќен живот. Овие третмани опфаќаат белење на забите, исправување, ламинати, CAD/CAM коронки и др.

Што опфаќа естетска стоматологија?

Белење на забите

Кој не би сакал блескава насмевка?

Избелувањето на забите е многу ефикасно доколку сакате да ја осветлите природната боја на вашите заби. Во зависност од вашата желба, забите може да се избелат за една или повеќе нијанси. Голем асортиман на различни начини за белеење на забите е достапен, вклучувајќи ги и пастите за белеење,геловите ленти и кремови и други начини за белеење кој ги употребуваат стоматолозите. Белењето не треба да се сфати само како естетска процедура, туку тоа треба да биде составен дел на комплетната грижа за забите и да биде вклучено во редовното одржување на здрава и убава насмевка.

Ламинати

Ламинатите се тенки прилагодливи порцелански школки односно шуплини кој го покриваат предниот (фронтот)дел од забите,залепени на предниот дел од забите, менувајќи ја нивната боја, големина или должина. Ламинатите можат да бидат направени од порцелан или композитна пломба. Тие се користат за:

- да се прекријат површините на пребоени заби кој не можат да се избелат

- за корекција на формата и/или должината на забите, кај пациенти кои не се задоволни од изгледот на своите заби;

- за подобрување на изгледот на оштетeни или скршени заби.

CAD/CAM - коронки и мостови

Дентална коронка претставува порцеланска навлака која го покрива забот се со цел да се заштити, да се подобри неговата цврстина и неговата естетска вредност. Додека, мостовите се користат за премостување на празен простор добиен од загубен заб, помеѓу два здрави заби, кадешто соседните заби служат како анкери. Во изработката на коронките и мостовите се користат висококвалитетни порцелански материјали за санирање на дефектот:
* Метал-керамички коронки и мостови
* Најнова технологија на безметална керамика, zirconia коронки и мостови-CAD/CAM

Позитивни ефекти

  • Белење заби пред и потоа
  • Белење заби пред и потоа
  • Белење заби пред и потоа

Здрави заби за еден ден!