Рентгенската панорамска слика е неопходна при: првиот преглед на пациентот, при протетско, ортодонтско и хируршко планирање, детска стоматологија, дијагностицирање кариес, дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, остеомиелити, полуимпактирани или импактирани заби, пародонтологија, деформитети на вилиците (асиметрии, мандибуларен и максиларен прогнатизам, малоклузии), трауми и фрактури на вилиците и на забите, комплетен преглед на ТМЗ, тумори на вилиците (бенигни и малигни), преглед на параназалните синуси, преглед на носните отвори и преглед на средниот лицев скелет (максила, зигоматична коска и орбита). Во современата рендгенска дијагностика сѐ повеќе се користи дигиталната рендгенографија како врвна технологија што го забрзува третманот и придонесува кон подобра и поефикасна дијагноза.
моментално дигитално отчитување на компјутер без потреба од чекање на развивање на класична слика
RTG сликата може веднаш да се испрати на и-меил, да биде снимена на CD, да се отпечати на ласерски печатач или да биде генерирана и по потреба побарана
80 пати намалена експозиција на снимање.
50% намалена радијација.